Ракометната федерација на Македонија, на Управниот Одбор, донесе одлуки за наградите за сениорската женска и сениорската машка ракометна репрезентација.

Женската репрезентација која со максимални три победи во квалификациите обезбеди бараж за пласман на Светското првенство ќе подели премија од 10.000 евра, додека при евентуален пласман на Мундијалот, ракометарките ќе добијат уште 40.000 евра.

Што се однесува до ракометарите, тие се веќе пласирани на ЕП, но доколку завршата на првата позиција во квалификациската група ќе пделат 40.000 евра. Ако нашата селекција заврши втора со десет освоени бодови (во случај на победи над Швајцарија и Финска) ќе добие премија од 30.000 евра, а доколку има помалку од десет бодови играчите ќе поделат 20.000 евра.