„Црвено – жолтите“ своите натпревари од групната фаза ќе ги играат на фудбалски стадион  во Дизелдорф, првиот против Франција на 10. јануари, а потоа ќе следат мечевите против домаќинот (14. јануари) и на крај следи дуелот против Швајцарија (16. јануари). Македонските навивачи натпреварите на репрезентацијата која ќе игра на стадион кој собира 50.000 гледачи ќе може да ги гледаат најевтино за 26 евра, влезница од прва категорија чино 131 евро, додека убедливо најскапите се ВИП билетите – 452 евра

Македонската сениорска ракометна репрезентација ќе игра во исклучително тешка група на Европското првенство, кое наредната година од 10 до 28 јануари ќе се одржи во Германија. Избраниците на слекторот Кирил Лазаров, се паднаа во А – Група со силната селекција на Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

-Добивме екстремно тешка група и ќе работиме напорно да го подигнеме нашето ниво во наредниот период, да можеме барем достојно да се бориме со светските велесили во ракометот. Би звучело нескромно да се биде оптимист во ваква група, но надежта не смее да се загуби, кажа селекторот Лазаров по добивањето на противниците.

„Црвено – жолтите“ своите натпревари од групната фаза ќе ги играат на фудбалски стадион  во Дизелдорф, првиот против Франција на 10. јануари, а потоа ќе следат мечевите против домаќинот (14. јануари) и на крај следи дуелот против Швајцарија (16. јануари). Македонските навивачи натпреварите на репрезентацијата која ќе игра на стадион кој собира 50.000 гледачи ќе може да ги гледаат најевтино за 26 евра, влезница од прва категорија чини 131 евра, додека убедливо најскапите се ВИП билетите – 452 евра.

Најдобрите две селекции од секоја група продолжуваат во главната групна фаза, во која ќе играат шеснаесет репрезентации. Во случај да ја мине групата, Македонија ќе игра во новоформирана група во Келн, со најдобрите две селекции од групите Б и Ц.

Првата фаза ќе се игра и во Дизелдорф, Манхајм и Минхен. Потоа главната рунда се сели во Хамбург и Келн, додека завршниот турнир се игра на добро познатото место – „Ланксес Арена“.

Македонија има позитивен скор со Швајцарија, еднаш ремизираше против Германија, а ниту еднаш не успеала да ја победи Франција.

Група А: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија

Група Б: Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија

Група Ц: Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора

Група Д: Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови

Група Е: Шведска, Холандија, БиХ, Грузија

Група Ф: Данска, Португалија, Чешка, Грција