Македонската ракометна репрезентација отпатува за Египет каде ќе биде дел од 27. Светско првенство, прво на кое ќе настапат 32 репрезентации.

Црвено -жолтите“ и покрај тоа што не добија можност да играат бараж со Франција за настап на овој шампионт, можноста ја добија откако своето учество го откажа репрезентацијата на Чешка, која во тимот имаше енормно голем број на заразени со Ковид 19.

Македонија на првенството ќе игра во Г – групата со репрезентациите на Шведска, Египет и Чиле.

Фото. Петр Стојановски