Еден дел од шпанските медиуми, особени тие кои важат за поблиски до Барселона, ја пласираа и информацијата дека каталонскиот гигант ќе се обиде за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ.

Пред неколку дена, искусниот играч за врска изјави дека не сака да си замине од „Ноу Камп“, но шпанските медиуми се убедени дека Ракитиќ ќе биде продаден доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра.