Ракетите „Харпун“ пристигнаа во Украина

202

Во Украина пристигнаа противбродски ракети Харпун од Данска и самоодни хаубици од САД, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, нагласувајќи дека ова оружје ќе ги зајакне силите кои се борат против руската инвазија.

– Крајбрежната одбрана на нашата земја нема да биде засилена само со ракетите Харпун, тие ќе ги користат обучени украински тимови, напиша Резников на својата Фејсбук страница, пренесе Ројтерс.

Украинскиот министер воедно истакнал дека ракетите Харпун ќе се користат заедно со украинските ракети Нептун во одбраната на брегот, вклучително и јужното пристаниште Одеса.

Резников рече дека испораките на проектилот Харпун се резултат на соработката меѓу повеќе земји и додаде дека испораките од Данска се направени со учество на британски пријатели.