Ракетирана американска воена база во Сирија

55

Врз американската воена база Караб ал Џир во сириската провинција Хасака истрелани се пет ракети.

Според сириската новинска агенција САНА по нападот неколку американски хеликоптери полетале за да го откријат подрачјето од каде се лансирани ракетите.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Од 2015 година американската команда има девет бази во североисточниот дел на Сирија, каде се сместени американски војници кои им помагаат на Сириските демократски сили (СДФ) во нивната борба против Исламска држава.