Раиола преговара за Погба

82

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека пред неколку дена раководните лица имале состанок со контроверзниот агент, Мино Раиола. Главна тема на дискусија бил можниот трансфер на францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а Раиола од Реал (М) побарал годишна плата од 14 мил. евра.