Разумно користете ја водата и отстранете ги дивите приклучоци

252

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелира до граѓаните рационално да ја користат водата, односно да избегнуваат полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Освен тоа, заради заштита на системот за водоснабдување, но и граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, „Водовод и канализација“ спроведува и акции за исклучување на диви приклучоци.  

 

Како што објаснуваат од претпријатието, дивите приклучоци се забранети со Законот за водоснадбување и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот, врз основа на што, за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

ЈП „Водовод и канализација“ потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Исто така, претпријатието апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.