Разубавен потпорниот ѕид во „Наум Охридски“ во Булачани

272

Финишира уредувањето на училишното катче во ,,Наум Охридски” во Булачани.

– Изградена мала отворена сцена, ново партерно уредување, нова урбана опрема, холтикултурно уредување на просторот со сезонски садници и поставена е нова ограда – информира градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Од страна на наставниот кадар по ликовно веќе се работи на цртежите кои ќе го разубават изградениот потпорен ѕид.