Сега кога нема концерти, наме ни пари! Сите тие луѓе музичари, немаат од што да живеат, ние не сме на државната цицка, ниту сме вработени во државните фирми.

Кристијан Рахимовски е познат музичар кој живее и работи во Загреб, а инаку ние во Македонија го знаеме и многу подобро бидејќи е роден син на естрадната ѕвезда, пејачот на “Парни ваљак“, нашиот скопјанец Аки Рахимовски. За жал и самиот Кристијан или Кики како го викаат нагалено пријателите е погоден со пандемијата на коронавирусот и никаде не настапува. Тој тоа мошне тешко го поднесува.

– Што значи да се биде музичар во времето на корона, се прашува Кики. Ражалостен сум поради многу грди коментари на сметката на музичарите. Добивам впечаток дека ние не им требаме на луѓето, дека сме некој вишок во општеството.На прстите од двете раце можете да наброите пејачи кои често заработуваат по 15 илјади евра. Тоа се пристојни пари, но не сите можат да ги заработат за еден нормален живот. Другите прават од шупливо во празно во поголемиот дел од кариерата.

Затоа, никогаш не очекував дека ќе не разберете. Сега кога нема концерти, нема ни пари! Сите тие луѓе  музичари, немаат од што да живеат, а токму од музиката, од концертни настапи го прехрануваат семејството.
Знам дека ќе звучам лудо, но ете да не постоиме ние музичари вие народе би ја слушале тишината. Ние и понатаму снимаме од дома без било кој да не плаќа.

Создаваме нова музика и во овие невозможни услови и не сме на државната цицка, ниту сме вработени во државните фирми.Токму затоа ги повикувам сите музичари, композитори, автори, пејачи да ја снимаат тишината, доколку ова плукањето врз нас веднаш не престане, разочарано напишал Кристијан.

(Д.М.)