Актуелниот шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, актуелниот светски шампион во Формула 1, солидно ја започна новата сезона.

Првата виолина на Ред Бул победи на сите трки што ги заврши, а тоа се Саудиска Арабија, Италија и Мајами, додека се откажа во Бахреин и Австралија поради проблеми со болидот.

Моментално е втор во генералниот поредок со 19 бода помалку од возачот на Ферари Шарл Леклер. Холанѓанецот вели дека борбата против момчето од Монте Карло е значително поинаква, во однос на онаа што ја имаше минатата сезона со Хамилтон.

  • Тие двајца се сосема различни возачи. Се бранат и напаѓаат на различни начини. Затоа се трудам да ги проучам и двајцата и да и пристапам на трката на специфичен начин, изјави Верстапен.

Оваа година Холанѓанецот го продолжи договорот со Ред Бул до 2028 година, според кој ќе добива околу 40 милиони евра по сезона.

  • На крајот на договорот ќе имам 31 година. Потоа можам да одлучам дали да продолжам или не. Ќе има една година пред мене за уште еден договор, доколку сакам, истакна Верстапен.

Шампионатот продолжува викендов со трката во Барселона за Големата награда на Шпанија.