Разладете си ја душата со вкусот на детството: Сок од бозел

456

Во детството беше еден од омилените задоволства со кое не честеа бабите. Го пиевме без приговор и баравме уште. Не ни дослушувавме кога ни објаснуваа колку е притоа и задрав и корисен за нашето здравје.

Денес требаше да се појават газирани пијалоци и инстант витамински освежувачи со арома на бозел за да ги разбудиме емоциите што не врзуваат со неодоливиот вкус на детството.

А, сепак, не е потребно многу време и самите да го приготвиме за себе и за своите деца, да ја израдуваме душата како некогаш…

Потребно:

  • 20 цветови бозел
  • 1 л вода
  • 1 лимон
  • ½ килограм шеќер

Приготвување:

Станува збор за највообичаениот и најчест рецепт за сок од бозел кој се приготвува со шеќер. Прво треба да се потопат цветовите во студена вода и да се остават да отстојат цел ден, односно 24 часа, на темно и студено место.

Откако ќе поминат 24 часа во водата треба да се исцеди еден цел лимон со средна големина, а потоа да се додаде шеќерот и сето тоа заедно да се измеша убаво. Повторно го оставаме сирупот од бозел да отстои уште еден ден, ама со повремено мешање, додека да се растопи убаво шеќерот.

Потоа сокот се процедува низ газа и дури тогаш е подготвен за консумација.
Се пие на тој начин што во чаша се сипува 1/3 од сирупот, а остатокот се разредува со вода.

Заедно со лимонадата, сокот од бозел е еден од најдобрите разладувачи во врелите денови кои веќе не не оставаат да дишеме.

Уживајте!