Разиграни кенгури на снег

111

Една секако ретка глетка во Австралија: кенгури скокаат низ поле покриено со снег. Во Австралија тој падна првпат по 35 години.

Во Австралија сега календарски е зима, но годинешната е постудена од обично. Во југоисточниот дел деновиве температурите паднаa и до три степени под нулата во планинските области, а на социјалните мрежи се појавија снимки од кенгури како скокаат низ снегот. Корисникот на „Твитер“, Стефен Гренфел снимил кенгури возбудени од несекојдневната глетка додека возел покрај резерват во Нов Јужен Велс.