Разбиена е илегална обложувачка банда „Tотобо“ во Истанбул, 55 милиони евра завршиле во Македонија

247

Една милијарда турски лири (55 милиони евра) е проценетата вредност на криминалот на бандата „Тотобо“ која своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија, пишуваат турските медиуми. По 8-месечно следење, пренесува порталот мкд.мк полицијата од Истанбул приведе 59 членови на бандата и нејзините водачи.

Операцијата продолжува, соопшти турската полиција која вели дека се работи за една од најголемите операции во сузбивање на нелегалното обложување. Екипите на истанбулската полиција од одделот за кибернетски криминал вчера извршиле координирани  операции во 8 градови. Приведен бил и водачот на бандата Озкан Г.

По следењето на сметките на членовите на бандата утврдено било дека за период од околу една година оствариле промет од 1 милијарда лири кои биле испратени во странство. Парите преку криптовалути биле префрлени во Македонија.

Турската полиција се сомнеав дека дел од овие пари завршувале и кај членови на терористичка организација.