Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот клуб Кастамону. Нејзиниот трансфер и официјално беше потврден од страна на турската екипа.

Црногорката пет сезони го носеше дресот на Вардар. По заминувањето од поранешниот македонски шампион една сезона настапуваше за ЧСМ Букурешт, а потоа се врати во својот матичен клуб Будуќност од Подгорица.

Покрај Радичевиќ, за турскиот шампион потпишаа Мајда Мехмедовиќ, Марина Рајчиќ и Милена Раичевиќ.