Актерот Раде Шербеџија од публиката ја бодреше својата ќерка, Луција и нејзината менторка Иванка Мазуркијевиќ кои синоќа се пласира во финалето од хрватското издание на шоуто Ѕвездите пејат.

Шербеџија ракоплескаше и уживаше во секој настап на својата ќерка, а во еден момент и од жирито го споменаа славниот актер додека го фалеа настапот на Луција и Иванка.

Луција која тргна по стапките на својот татко и исто така е успешна актерка и нејзината менторка Ивана, добија многу пофалби за интерпретацијата на безвременскиот хит „Ти си пјесма моје душе“ од Мишо Ковач.