Радев: Францускиот предлог содржи многу од бугарските барања, ама можеше да биде многу подобар

55

Францускиот предлог за Република Северна Македонија содржи многу од основните буатски барања, но можеше да биде многу подобар доколку нашите политичари посветеа поголемо внимание на овој процес. Ова пред новинарите го истакна бугарскиот претседател Румен Радев, кој присуствуваше на прославата на 110-годишнината од првиот борбен лет на бугарската борбена авијација во воздухопловната база „Граф Игнатиево“.

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветија многу, многу повеќе внимание на целиот овој процес; доколку дипломатите од Министерството за надворешни работи не се потпираа единствено на претседателската институција и не губеа многу време и енергија обидувајќи се да ги доведат различните политики на премиерот во некоја прифатлива рамка“.

 

 

„Што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, вчера пратениците гласаа бланко-чек, без неопходните механизми и рокови за заштита. Следните бугарски влади ќе бидат во сегашната ситуација – да имаат неплодни спорови со македонската страна“, додаде Радев.