Радев ги почна консултациите за формирање на новата влада

32

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ги почна политичките консултации со парламентарните партии од новоизбраниот парламент. Како што јави МИА од Софија, први во зградата на претседателството дојдоа претставниците на ГЕРБ, првата политичка сила во Бугарија по парламентарните избори одржани на 4 април.

По средбата, претседателката на парламентарната група ГЕРБ-УДФ, Десислава Атанасова, изјави дека тие се подготвуваат и да владеат и да бидат во опозиција, како и за привремена влада.

По нив, на средба со Радев се појави заменик-претседателот на „Има таков народ“, Тошко Јорданов, кој кажа дека партијата ќе ги објави своите намери откако ќе добие мандат за формирање влада.

Претседателот Радев ја потсетил партијата „Има таков народ“ дека доколку владата на ГЕРБ-УДФ не биде прифатена во бугарскиот парламент или таа воопшто да биде поднесена како предлог, одговорноста доаѓа на нив и побара да слушне под кои услови тие би формирале влада.