Рагбистите на аргентински Арсенал претепаа до смрт еден тинејџер во Вила Гесел, во близина на Буенос Аирес.

Видео од бруталната тепачка на 18 годишното момче се појави и на социјалните мрежи, а станува збор за Фернандо Баез Соуса, кој беше усмртен од страна на рагбистите.

Против нив е поднесено обвинение и воедно се бара доживотна казна затвор за сторителите на овој ужасен злосторнички чин.