Кошаркарите на Пелистер ја забележаа првата победа во дебитантското учество во регионалната АБА2 лига, откако вечерва славеа во дуелот против Сутјеска со 93:73, во рамки на второто коло.

Пелистер одигра доминантно во рекот на цњелиот меч и во ниту еден момент не беше ставен под прашалник победникот на овој дуел. Тимот од Битола го предводеа Никоа Малешевиќ и Бојан Трајковски со по 16 поени.

Со овој меч, двата македонски претставника, МЗТ и Пелестер, го завршија настапот во првиот балон со по една победа и еден пораз.