Кошаркарите на Работнички продолжуваат да редат победи во домашното првенство, откако ја забележа и третата победа во исто толку кола во Суперлига. Денеска тимот од „Градски парк“ беше подобар од Ангели со 86:69.

Иако гостинскиот тим имаше предност од 38:49 на полувреме, сепак Работнички одигра одлично во вториот дел и на крајот сосема заслужено дојде до победата.

ФОТО: Петр Стојановски

Најефикасен во победничкиот тим беше Американецот Емерсон со 21 поен, Данаиловски уфрли 18, додека на спротивната страна во тимот на Ангели, најдобар беше Мандерсон со 22 коша.

Победи во ова коло извојуваа и Гостивар на гости кај МЗТ Скопје2 со 92:67, Академија ФМП кај Кожув (76:69), како и ТФТ кај Куманово со 85:68.