Кошаркарите на Работнички го победија ТФТ Скопје со 66:62 во четвртфиналето на Купот на Македонија, кој го носи името на Благоја Георгиевски-Буштур.

Иако момците од Тафталиџе одиграа храбро, долго водеа и изгледаше дека ќе приредат уште една сензација по онаа во првиот натпревар меѓу ФМП Академија и Пелистер, искуството и присебноста во финишот беше пресудно, па Работнички е вториот полуфиналист.

Виктор Ефремовски беше најпрецизен играч на средбата, постигна 17 поени и со еден повеќе беше пред соиграчот Питс. Амир Смит со 15 поени се истакна кај ТФТ, но тоа беше недоволно за подвиг.