Фудбалерите на Работнички ја прекинаа победничката серија на Шкупи, откако попладнево одиграа нерешено 2:2 во дербито на 11. коло во Првата македонска лига.

На ова реми најмногу се израдува Шкендија која се искачи на врвот на табелата со победата над Ренова со 3:1.

До победа на домашен терен дојде и Беласица која славеше против Академија Пандев со 2:1, за прв триумф сезонава.

Во преостанатите два натпревари, Борец го прегази Пелистер со 3:0, Трим Лум одигра 2:2 со Вардар, а „црвено-црните“ се спасија од пораз длабоко во судиското продолжение, откако до 96 минута Блажевски погоди за конечни 2:2.

ФОТО: Петр Стојановски