Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа во вечното гратско дерби против Работнички во СЦ „Јане Сандански“ со 91:87, во последниот меч од 14. коло во Првата лига.

ФОТО: Петр Стојановски

Во одлична атмосфера, како што доликува на еден кошаркарски меч во Македонија, „металците“ добро се препотија за триумф на овој меч, иако важеа за фаворити.

Најефикасен во победничкиот тим беше Војдан Стојановски со 26 поени, а одлична партија на спротивната страна имаше Нотиџ со феноменални 31 поен.