Работилница за хуманитарниот аспект на мешани миграциски текови

98

Од денеска до петок во Центарот на Црвениот крст „Солферино“ во Струга ќе биде реализирана програма за миграции „Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови”.

Како што информираат од тимот, низ неколкудневен теориски и реален приказ на комплексноста на мигрантските кризи и текови, учесниците ќе имаат можност да ги зајакнат и да стекнат знаења од областа на миграциите, односно хуманитарната итност која ја иницираат. Учесниците ќе биде информирани и за потребите и ранливоста на бегалците и мигрантите, а конечен осврт ќе биде даден кон мигрантската криза во земјава во периодот 2015-2020 година.

Како предавачи и фасцилитатори ќе се вклучат стручни лица од Македонско здружение на млади правници (МЗМП), од Министерството за труд и социјална политика, претставник на Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Центарот за управување со кризи, универзитетски професори – експерти во дадената проблематика, како и лица директно ангажирани на терен.

Во склоп на програмата за миграции, утре со почеток во 12часот, свое излагање пред присутните во Центарот „Солферино“ во Струга ќе има министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по што следува обраќање и на генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Програмата е подржана и финансиран од страна на Швајцарскиот црвен крст, Швајцарската агенција за развој и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина.