Дизниленд во Париз е во потрага по нови принцези и принцови кои ќе работат во нивниот парк ова лето. Потребно им е околу 50 луѓе кои ќе ги глумат Пепелашка, Елса, Бел и други омилени ликови од цртаните филмови. И не бараат само принцези, туку и принцови.

Две аудиции ќе има на 8 јуни, и ќе траат цел ден.

Првата аудиција е за мажи и жени кои личат на цртаните ликови, а за нив постојат многу јасни услови во однос на висината. Жените мора да бидат повисоки од 160, а до 173 сантиметри и мора да бидат “елегантни и без видливи тетоважи”. Мажите пак, мора да бидат видоки од 160 до 183 сантиметри, да бидат „мажествени“ и секако да немаат видливи тетоважи.

И за оние кои се премногу високи или имаат тетоважа постои надеж. Можат да аплицираат за статисти на парадите или пак да ги поздравуваат посетителите. За парадата, пак, треба да имате основно познавање на танцот.

„Бараме ентузијасти и многу енергични луѓе кои ќе настапуваат како Дизни ликови или на паради. Ако сонувате да ги глумите познатите херои на Дизни или Марвел, или учествувате во нашата голема парада, за време на работното време да бидете Дизниев принц или принцеза“, јавете ни се, стои во описот на работата.