Пуштено во употреба инклузивно игралиште во  ОУ „Браќа Миладиновци“

181

Ново игралиште со опрема наменета за деца и лица со попреченост денеска доби истурениот објект од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава следат 55 деца со попреченост.

Игралиштето кое се наоѓа во училишниот двор е опремено со реквизити за реакрација и за вежбање, а ќе го користат учениците. Поставувањето на урбаната опрема е дел од проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ од Фондацијата „Чекор по чекор“, кој во Куманово го спроведуваат две организации „Порака Наша“ и „Инклузива“.

– Општината даде поддршка од аспект на техничка документација заедно со училиштето „Браќа Миладиновци“. Посебно треба да обрнеме внимание во делот на воспитно-образованиот процес за сите наши ученици, особено и за оваа ктегорија ученици- изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Благица Димитровска од „Инклузива“ потенцираше дека овој проект е пример кој покажува како треба да се работи заедно за да се придонесе во инклузијата на локално ниво.

Таа посочи дека непристапноста ги оневозможува учениците со попреченост да учествуваат во рекреативни активности.