Пуштени во употреба новите шест амбулантски возила за Брзата помош

201

Ставени во функција се новите шест амбулантски возила на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом – Скопје, реализирани со набавката на медицински возила преку Министерството за здравство. Од Здравствен дом – Скопје соопштија дека прв пат по подолг временски период, службата за Итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање 14 возила.

Од Здравствен дом Скопје посочија дека значително се подобрува ефикасноста на Службата за итна медицинска помош, која како единствена за град Скопје и околните населени места, овозможува 24-часовна здравствена заштита во делот на вонболничка ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот на животно загрозувачки состојби.

– Сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема и се во функција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места – велат од Здравствен дом – Скопје.