Путин: Ја пренасочуваме нафтата и трговијата кон Кина, Индија и Бразил

71

Рускиот претседател Владимир Путин во среда изјави дека Русија ја пренасочува трговијата и извозот на нафта во земјите од БРИКС, кои ги нарече „сигурни“ и во исто време ги критикуваше западните земји за санкциите воведени кон Москва. Земјите на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Во виртуелното обраќање на форумот БРИКС, Путин ги критикуваше санкциите без преседан со кои Западот ја казни руската економија за инвазијата на Украина, пишува хрватски „Индекс“.

„Деловните луѓе од нашите земји мора да развиваат активности во тешки услови бидејќи нашите западни партнери не ги почитуваат основните принципи на пазарната економија, слободната трговија“, рече Путин во виртуелното обраќање на Форумот БРИКС.

„Новите санкции наметнати од политички причини“ се во спротивност со „здравиот разум и основната економска логика“, рече тој.

Затоа Русија „активно ги пренасочува своите трговски врски и надворешни економски контакти кон сигурни меѓународни партнери, пред се кон земјите од БРИКС“, рече тој.

Тој извести дека во тек се преговори за отворање индиски синџир продавници во Русија и зголемување на уделот на кинеските автомобили на рускиот пазар.

„Расте испораките на руска нафта во Кина и Индија. Соработката во земјоделството динамично се развива“, рече Путин, додавајќи дека расте и извозот на руски ѓубрива во земјите од БРИКС.

Русија сака да развие „алтернативни механизми за меѓународен трансфер“ на пари и да „резервира меѓународна валута“ со партнерите на БРИКС со цел да ја намали зависноста од долари и евра, рече тој.

Според Генералната царинска управа на Кина, увозот на сурова нафта во Кина од Русија се зголеми за 55 отсто од претходната година на рекордно високо ниво во мај, при што Русија ја замени Саудиска Арабија и стана главен снабдувач на Кина и рафинерии кои остваруваат профит по намалени цени на залихите.