Путин тврди дека расте бројот на кибер-напади врз Русија

    23

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека бројот на кибер-напади врз Русија од страна на странски државни структури е зголемен повеќекратно и оти Русија мора да ја зајакне својата кибер-одбрана со намалување на употребата на странски софтвер и хардвер.

    – Се прават насочени обиди да се оневозможат интернет-ресурсите на руската критична информациска инфраструктура, рече Путин, додавајќи дека на мета биле медиумите и финансиските институции.

    – Извршени се сериозни напади на официјалните веб-страници на владините агенции. Многу почести се обидите за илегално навлегување во корпоративн ите мрежи на водечките руски компании, нагласи тој.

    На средбата со членовите на Советот за безбедност Путин рече дека Русија ќе мора да ја подобри безбедноста на информациите во клучните сектори и да се префрли на употреба на домашна технологија и опрема.