Путин ревакциниран со Спутник Лајт

47

 Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е ревакциниран против коронавирусот со вакцината Спутник Лајт.

Денеска по ваша препорака и препорака на вашите колеги добив уште една вакцина – Спутник Лајт, рече Путин на средбата со Денис Логунов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.