Путин разговараше со саудискиот принц за ОПЕК и епидемијата

30

Рускиот претседател Владимир Путин и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд разговараа за договорот во рамките на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта), како и за подготвеноста на двете страни да продолжат да работат заедно на ова поле, соопшти денеска Кремљ.

Првиот разговор меѓу Путин и Ал Сауд се одржа на 13 октомври, а сега тие имаа интензивна размена на мислења за спроведувањето на договорот во рамките на ОПЕК, соопшти прес-службата на Кремљ.

Покрај оваа тема, Путин и Ал Сауд разговарале и за борбата против коронавирусот и можната примена на вакцината Спутник V, што ја развиваат Русите.

Претседателот и принцот разговараа за соработка во борбата против Ковид-19 и изгледите за употреба на вакцината Спутник V во Саудиска Арабија, додаде прес-службата на Кремљ.

Извор:МИА