Путин прогласи вонредна состојба по излевањето нафта во река во Сибир

69

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг.

Резервоар за гориво во електрана во близина на сибирскиот град Норилск се распадна минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта се и излеаја во реката, јавува Би Би Си.

Путин бил бесен откако разбрал дека владини претставници дознале за несреќата дури два дена откако се случило.

Со електраната управува фирма ќерка на Норилск Никел, водечка светска компанија во производство на никел и паладиум.

На вчерашната видео конференцијата, Путин остро го критикуваше челникот на компанијата за неговиот задоцнет одговор. – Зошто владините агенции дознаа за тоа два дена по настанот, го прашал Сергеј Липин, шеф на компанијата што управува со електраната. – Дали ќе дознаваме за итните случаи преку социјалните медиуми?, праша Путин.

Гувернерот на покраината, каде се наоѓа електраната, претходно му рекол на Путин дека дознал за несреќата во неделата, откако „се појавија алармантни информации на социјалните мрежи“.

Станува збор за контаминирана површина од 350 квадратни километри, јавуваат државните медиуми.

Путин нареди да се започне истрага за несреќата, а управителот на електроцентралата е во притвор.

Норилск Никел преку соопштени посочи дека инцидентот бил пријавен „навремено и правилно“.

Несреќата се случила кога потпорните темели на резервоарот почнале да пропаѓаат. Резервоарот е изграден на пермафрост, постојано замрзната почва, која почнала да се топи како резултат на климатските промени. Нафтата стаса до реката Амбарнаја, долга 12 километри, чии делови се сега во црвена боја.

Поради воведувањето вонредна состојба, дополнителни сили ќе бидат испратени во областа за да помогнат во операциите за чистење.

Се верува дека ова е втора најголема несреќа во модерната руска историја, во однос на количината на штетен материјал за природата, изјави експерт на Светскиот фонд за природа.

Ова не е прва несреќа во погон на Норилск Никел. Таа компанија призна во 2016 година дека поради несреќа во еден од погоните, реката се обои во црвена боја.