Путин потпиша указ за нов концепт на надворешната политика

46

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за одобрување на новиот концепт на надворешната политика на Руската Федерација.

– Денеска потпишав указ за одобрување на ажурираниот концепт на надворешната политика на Руската Федерација – рече Путин за време на состанокот на Советот за безбедност на Русија.

Рускиот лидер нагласи дека поради сериозните промени на светската сцена мора да се прилагодат клучните стратешки документи.

Според него, ажурираниот Концепт ќе претставува основа за практични процедури на среднорочно и долгорочно ниво, а ќе стане и добра основа за понатамошна работа во секторот на меѓународните односи.