Путин наредил мобилизација и заминал на одмор?

296
Фото: EPA/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Владимир Путин во средата нареди мобилизација, а потоа заминал на годишен одмор. Независните руски медиуми, повикувајчи се на три извори запознаени со распоредот на Путин, пишуваат дека рускиот претседател одлучил да ја „одмори душата и телото“ во својата резиденција на  езерото Валдај.

Снимката на Путин во која прогласи делумна мобилизација објавена е во осум часот наутро и според руските меидуми, таа е снимена однапред бидејќи рускиот претседател практикува во тоаа време да спие. Подоцна истиот ден, Путин отпатувал во Велики Новгород каде го посетил техничкото училиште и присуствувал на еден концерт.

Веднаш по концертот, како што тврдат инсајдерите, рускиот претседател одлучил да направи пауза и да замине на одмор кој ќе трае најмалку една седмица.

Од друга страна, извори од Кремљ тврдат дека прес-службата во наредните денови ќе објави снимка на Путин во друштво со различни соработници, но наводно, сите тие снимки се однапред снимени и на тој начин Москва сака да создаде впечаток дека претседателот континуирано работи.

Една снимка е веќе објавена, на неа Путин се дружи со стариот соборец Виталиј Мутко.

Враќањето на Путин во јавноста се очекува за идниот четврток кога ќе оди во посета на еден голем индустриски регион. Вториот извор од Кремљ тврди дека Путин уште од средата се наоќа во својата резиденција на езерото Валдај во Новогоротската област и дека потврда за тоа е и фактот што Путин не се појавил на „З концертот“ во центарот на Москва во знак на поддршка на референдумите во окупираните делови на Украина.