Путин и Макрон ги повикаа сите страни во Иран на воздржаност

36

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон ги повикаа денеска сите страни во Иран да покажат воздржаност.

– Рускиот и францускиот претседател изразија неопходност сите страни да покажат воздржаност и да се заложат за зачувување на нуклеарниот договор, соопшти Кремљ.

Путин и Макрон разговараа и за решавање на конфликтот во Украина и ситуацијата во Сирија и се заложија да ја продолжат комуникацијата во иднина.