Претседателите на Русија и на Украина денеска во Париз ќе се сретнат во долгоочекуваните разговори за решавање на воениот конфликт во источна Украина во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе од 2014 година.

Владимир Путин и Володимир Зеленски ќе разговараат со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел во таканаречниот Нормандиски формат.

Тоа ќе биде за првпат лидерите на Русија и на Украина да се сретнат директно од 2016 година. Москва отфрла директна инволвираност во конфликтот меѓу сепаратистите и владините сили.