Путин го разреши крвникот од Мариупол

116
EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руската армија го разреши Михајло Мизинцев, висок генерал задолжен за логистика, пред очекуваната контраофанзива на Киев.

Објавата уследи по неколкудневните гласини за разрешување на генерал-полковник Михајло Мизинцев, под британски санкции за неговата улога во опсадата на украинскиот пристанишен град Мариупол, кој руските војници го зазедоа пред една година. Во соопштението, руското Министерство за одбрана соопшти дека Алексеј Кузменков – поранешен функционер на Националната гарда – го заменил Мизинцев.

„Кузменков е именуван на местото заменик министер за одбрана на Руската Федерација, одговорен за логистичка поддршка на вооружените сили“, соопшти Министерството. Во соопштението не се наведува зошто Мизинцев е отпуштен по само седум месеци на работа.