Путин: Ако ЕУ ги укине санкциите, ќе ги стопираме реципрочните мерки

103

Русија ќе ги укине реципрочните мерки што ги воведе кон земјите членки на Европска Унија откако ЕУ ќе ги укине санкциите за Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Таквата мерка нема да ги воодушеви нашите претприемачи од областа на земјоделството. Морам да кажам дека доколку ЕУ ги укине антируските санкции, Москва ќе мора да ги укине реципрочните мерки што ги воведе кон Европа, наведе Путин.

Тој додаде дека на странските партнери ќе им биде покомплицирано  повторно да се изборат за своето место на рускиот пазар.

Претходно, Путин истакна дека Русија ќе направи се што е можно за да ги подобри односите со Франција, како и со другите земји членки на ЕУ.