“Пукна тиквата“: помеѓу манекенката Дунавка и ексдиректорот на Финансова полиција Ване Цветанов – Што остана од љубовта?

3099

Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај…..

Познатата и секогаш многу интересна македонска манекенка Дунавка Трифуновска раскина со својот (сега веќе поранешен) Ване Цветанов, кој на времето беше директор на Финансова полиција.                                                                                                Тие пред четири месеци склучија црковен брак, а силно вљубената двојка се најде во фокусот на македонската јавност и откако ги објавуваше фотографиите од романтичниот одмор во Турција.                                                                                    Сега на љубовта ѝ дојде крајот, а тоа народски би се кажало “пукна тиквата“! За жал! Многумина се многу изненадени, поставувајќи им го логичното прашање: Што остана од љубовта? Цветанов за раскинувањето се обрати и преку ФБ, велејќи меѓу другото дека сака јавно да информира за крајот на убавата љубовна приказна со Дунавка. “Таа е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај…“ вели Цветанов меѓу другото.                                            Набргу потоа се огласи и убавата Дунавка:                                                                  -Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста“, а ни малку да биде „едно“ со иднината“ кога ќе биде испочитуван, тогаш може да гледаме други епизоди. До тогаш господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже“ е личен избор, порача меѓу другото Дунавка.    ( Д.М.)