Малик Бизли во моментов е повреден и не може да игра за тимот на Минесота, а освен проблемите на теренот, има и проблеми кога станува збор за емотивниот живот. Имено, Ларса Пипен, 46-годишната поранешна сопруга на Скоти Пипен, се раздели од него.

Бисли е 22 години помлад од Ларса Пипен, чиј најстар син Скоти јуниор треба да пристигне наскоро во НБА-лигата, а со атрактивната Ларса е во врска од декември минатата година. Тој ја започна врската иако во тоа време беше свршен со Монтана Јао, модел и пејачка, која беше шокирана кога го виде својот сопруг со друга жена.

  • Ларса и Малик повеќе не се заедно. Тешко им беше да функционираат поради толку многу патувања. Тие се во контакт, но не се заедно, велат извори блиски до Ларси Пипен.

Атрактивната Ларса е посветена на бизнисот и моментално се занимава со фитнес, а кога ќе ги видите нејзините слики на Инстаграм ќе разберете зошто го маѓепсала многу помладиот НБА играч.