Пукање во трговски центар во Шведска, има повредени

72

Шведската полиција соопшти дека две лица се повредени во пукање на југот на земјата, во трговскиот центар Емпориа во градот Малме, а еден осомничен е уапсен, пренесува Ројтерс.

„Во моментов се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното опкружување“, соопшти полицијата, нагласувајќи дека инцидентот е оценет како „непосредна опасност за јавноста“.

Полицијата е на лице место, разговара со сведоци и ги прегледува снимките од надзорните камери.