Пукање во Сомбор:Ранети два полицајци, излегле да интервенираат поради пријава за насилство

236

Во Сомбор дошло до пукање откако припадници на полицијата излегле на интервенција по пријава за семејно насилство, односно закана со смрт која постар Сомборец ја упатил кон својата сопруга, изјавено е за порталот Соинфо.орг, на местото на инцидентот.

Насилникот без предупредување пукал од пиштол кон службените лице кои интервенирале. Двајца припадници на полицијата се ранети и хоспитализирани. По нападот припадници на сомборската полиција го возратиле огнот и тешко го раниел напаѓачот кој по сознанијата е пренесен во сомборската болница со повреди опасни по живот.

Полицијата блокирала дел од улицата Стеван Синѓелиќ. Увидот е во тек. На местото на злочинот има повеќе десетици полицајци во униформи и во цивил. Се зголемува и бројот на граѓани насобрани на аголот на улиците Вук Караџиќ и Стеван Силѓелиќ.