Птица преселница:Нино Величковски замина на Малта, го подготвува кумановскиот “Тамбурица-фест 2020“!

279

Во топлите краишта, покрај море, уште отсега интензивно го осмислува наредниот кумановски “Тамбурица фест 2020“, а како специјални гости се спомнуваат имињата на легендарните Тереза Кесовија и Жељко Бебек

 

Само “Вечер“ ексклузивно дознава дека популарниот македонски пејач Нино Величковски, по потекло од Куманово, си замина на Малта. Откако со своите сограѓани и со балканската естрадна ѕвезда Лепа Брена неодамна прослави на Градскиот плоштад во Куманово 500 години од постоење на овој град, Нино одлета во топлите краишта, како птица преселница и тоа на медитеранскиот остров Малта каде инаку има многу Македонци, додека таму и официјално постои Македонска иселеничка заедница.

– Заминав на Малта за да избегам од континенталната македонска зима со снеговите. Јас сум зимогрожлив, само сонце и море можат да ме згреат, исто како што ме греат песната, виното и жените, вели секогаш расположениот Нино. Шега на страна, причината за моето одење на Малта е семејна посета на мојата ќерка која таму подолго време живее и работи и која одлично се снајде.

Ете, па сега после ова, можеме да дишеме полесно, бидејќи Нино не замина од Македонија засекогаш, туку останува во родната земја во која и понатаму има полни раце работа. Интензивно (на Малта) почна да го осмислува наредниот кумановски “Тамбурица фест 2020“ кој ќе се одржи во втората половина на август, а како специјални гости на фестивалот ги спомнува легендарните Тереза Кесовија и Жељко Бебек.

Преговорите се во тек, а што ќе испадне ќе видиме, зависи од многу причини. Како и да е, нашата привремена птица преселница, нашиот Нино, треба и тоа да ни открие. Секогаш први да ги имаме најсвежите информации и за тамбурашкиот фестивал кој “Вечер“ редовно го следи, како еден од неговите поважни медиумски помагатели.  Д.М.  /foto od Nino od Malta, ekskluzivni se samo za #Vecer#/