ПСЖ и официјално старо-нов шампион на Франција!

33

Откако француската влада донесе одлука за прекин на сите спортски натпревари до 1. септември, поради пандемијата со коронавирусот, фудбалската федерација одлучи шампионската титула да му ја додели на лидерот на првенствената табела, тимот на ПСЖ.

Популарните „светци“ имаа 12 бода повеќе од второпласираниот Олимпик од Марсеј, кој заедно со тимот на Рен обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.