Најбогатиот ракометен клуб, Францускиот, Пари Сен Жермен, по поразите од Барселона и Киелце, конечно врза две победи во Лигата на шампионите, откако го прегази Порто со 39:30.

Сипжак со девет гола беше најефикасен на мечот, Ремили имаше седум, додека кај Порто Круз реализираше пет пати. Македонскиот голман Никола Митревски имаше скромен учинок на натпреварот со три интервенции.

Екипата на Флензбург запиша уште една лесна победа и на гости во Романија со убедливи 28:20 го победи тимот на Динамо Букурешт. Менсинг со девет гола и Јакобсен и Менсах со по пет беа најпрецизни во таборот на германскиот тим, додека кај домаќинот Џионеа и Нантес резлизираа пет пати.

Веспрем им ставија крај на лошите резултати во елитното натпреварување. Унгарскиот вицешампион му се раваншираше на украинскиот шампион Морот Запорожје за минатонеделниот пораз, совладувајќи го со 36:29 и им се вратија на победите во ракометната елита. Водечка сила на Веспрем на овој меч беше Маргуч со девет гола, а на спротивната страна еден помалку имаше Бокан.