Најбогатиорт ракометен клуб во светот ПСЖ ја претстави замената на Никола Карабатиќ, кој поради тешка повреда на коленото ќе ја пропушти сезоната

Раул Гонзалез во своите редови го донесе холандскиот плејмејкер Лук Стајнс. Тој ќе биде задолжен за организација на играта на „светците“ и ќе ја доигра сезоната во дресот на францускиот гигант.

Лук (25) доаѓа од екипата на Тулуз, што значи дека за него францускиот шампионат не е непознаница. Сепак, одговорноста ќе биде на настапите во Лигата на шампионите, каде притисокот и очекувањата ќе бидат повисоки.

-Тимот на ПСЖ е сон за секој професионалец. Чест ми е што ќе играм во еден голем клуб. Имаме многу предизвици до крајот на сезоната, едвај чекам да започнам со работа, изјави Холанѓанецот.