Псаки: Во моментов нема причина да се промени нивото на нуклеарна тревога

34

САД не гледаат „причина за промена“ на нивото на нуклеарна тревога во овој момент, објави Белата куќа откако рускиот претседател Владимир Путин го стави нуклеарното одвраќање на Русија во состојба на висока готовност по инвазијата на Москва врз Украина.

-Не ги сменивме нашите сопствени предупредувања и не сме ја сменивме сопствената проценка на тој план. Исто така треба да бидеме многу јасни за неговата употреба на закани, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.