Ова е прв ваков проект на железницата во Велика Британија. Целта е да се придонесе за намалување на загадувањето преку употреба на одржлива енергија, за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, како и за материјална заштеда во иднина.

Проектот е создаден во соработка помеѓу организациите Климатска акција 10:10, Железничките мрежи, Енергетската задруга Југ и Империал колеџот во Лондон, а финансирани од Иновации на Велика Британија и Секторот за транспорт.

Доколку проектот се покаже успешен, нивниот план е да продолжат со изградба на железници што нема да и наштетат на животната средина.

Според проценките од минатогодишното истражување, транспортниот сектор во Велика Британија значително придонесува за емисија на гасови со ефект на стаклена градина, односно 33% од емисијата на јаглерод диоксид доаѓа од таму.

Владата на Велика Британија планира да инвестира во иновации кои ќе имаат мала емисија на јаглерод диоксид, а премиерот Борис Џонсон најави инвестиција од 300 милиони фунти за одржлив транспорт.