Чоколадниот куглоф е одличен колач кој можете да го консумирате во секое време. Не е тежок ниту за правање, ниту за јадење. Се подготвува едноставно и брзо, и е одличен рецепт доколку ви дојдат ненајавени гости.

За подготовка на овој вкусен колач потребни ви се:

4 јајца

250 гр брашно

200 гр чоколада

100 мл масло за јадење

150 гр шеќер

5 лажици џем

1 кесичка ванилин шеќер

1/2 кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ја растопената чоколада, маслото, брашното, ванилин шеќерот и прашокот за пециво и се добро изедначете.

Калапот за куглоф подмачкајте го и набрашнете го, доколку немате силиконски куглоф.

Истурете ја смесата во калапот и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути, односно додека колачот не се испече.